Type to search

THE VOICE OF THE WORLD

VOW (Voice of the World) е независна медиумска организација, која е должна да обезбеди објективно и професионално новинарство, засновано врз факти. Нашата мисија е да ги промовираме демократските вредности и да го обезбедиме она што што за луѓето е најважна работа – точна, навремена, етички и морално коректна информација. Информацијата мора да биде квалитетна и да задоволи што е можно повеќе наши читатели.

Ние како информативен медиум ќе се водиме според следните принципи на работа

Точност

Ќе направиме се што е во наша моќ да се осигураме дека сите објавени информации се фактички точни. Кога постои сомнеж или контроверзност за значајни факти, информациите мора да се засноваат на најмалку два независни извори. Фактичките грешки ќе бидат исправени во најкраток можен рок.

Балансиран пристап

Информациите ќе бидат презентирани врз база на фактички контекст што го подобрува разбирањето за настаните и прашањата и овозможува јасност без никаква пристрасност. Новинарите ќе ги презентираат спротиставените и конфликтни ставови на балансиран начин за сите прашања. Кога групи или индивидуалци чии што ставови се важни за балансираност во програмата одбиваат да дадат коментар, тоа ќе биде објавено во програмата. Нашите новинари, немаат право за внесување на лични ставови во работењето со што би го нарушиле балансот во известувањето. Секоја анализа или коментар на вработените во медиумот мора да биде базирана исклучиво на факти.

Етичко однесување

Вработените во VOW како и соработниците мора да се придржуваат до највисоките етички стандарди во своето однесување, особено да одбегнуваат конфликт на интереси, како и да одбегнуваат поврзаност со индивидуалци, групи со политички или комерцијални интереси во и надвор од зоната на емитување. Вработените и соработниците во VOW нема да го злоупотребуваат нивниот статус на јавни личности или добрата репутација на медиумот за промоција на лични интереси.