Type to search


Шоубиз

Ар Кели го одржа својот прв краток настап по излезегувањето од затвор

Share


Ар Кели, според пишувањата на американските медиуми, го одржа својот прв краток настап откако излезе од затвор, а според изјавите на сведоците отпеал само неколку стихови од една од своите песни.

Кели се појави во Dirty South Lounge во Спрингфилд, Илиноис во раните утрински часови во неделата.


Ар Кели како што се известува пристигнал околу еден часот после полноќ, каде поминал нешто повеќе од половина час фотографирајќи се, разговарајќи, танцувајќи и пушејќи цигари со оние кои се собрале да го видат.


Потоа го земал микрофонот, им се заблагодарил на своите фанови и отпеал 28 секунди од една од своите песни пред да биде локалот затворен во три часот.

Влезниците за забавата чинеле 100 долари, но цената била за 50 % намалена откако пристигнал Ар Кели.


Неколку часа пред да се појави, Ар Кели го најавил настанот на својот Инстаграм профил и ги повика медиумите да учествуваат.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *