Type to search


Автомобили

Volkswagen со производство на својот 30 милионити Passat

Share


Вториот најпродаван модел во историјата на Volkswagen се произведува непрекинато веќе 46 години.

Првиот примерок на Passat е направен на 14-ти мај дамнешната 1973 година во Волфсбург, што значи дека овој модел е една година постар од бестселерот на Volkswagen – Golf кој е произведен во 35 милиони примероци.


Passat своевремено е замислен како замена за концепциски застарениот Volkswagen 1600, кој имаше погон на задните тркала и мотор со воздушно ладење, поставен позади.


За тоа време, Passat бил исклучително модерен автомобил со преден погон и мотор со водено ладење. Сепак, ретко кој очекувал дека четири и пол децении подоцна овој модел ќе биде продаден во 30 милиони примероци.


Јубилејниот автомобил е изработен во фабриката во Емден во Германија на 3-ти април, а во прашање е караван верзијата Passat GTE Variant со plug-in хибриден погонски систем во чие срце лежи 1.4 TSI бензинец.

Вкупната сила на овој електрификуван Passat изнесува 218 коњски сили, а од Volkswagen тврдат дека тој ги задоволува емисионите стандарди Euro 6d кои ќе бидат задолжителни за сите нови возила во Европа дури од 2021 година.

Инаку, современиот VW Passat се произведува во 10 фабрики, на 3 континенти и се продава во над 100 земји ширум светот.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *