Type to search


Шоубиз

Ким Кардашијан се најде на насловната на Vogue, учи за да стане адвокатка

Share


Ким Кардашијан по вторпат се најде на корицата на американскиот „Вог“.

Најголемо внимание од интервјуто на Ким привлече веста дека таа учи да стане адвокатка. Новинарката на „Вог“ пишува: „Токму кога ќе помислите дека на одреден начин можеби сфативте кое е ова уникатно суштество, помислете повторно: Ким Кардашијан Вест учи за да стане адвокатка.“


Не, ова не е шега.


Иако никогаш нема студирано право, Ким ќе може да положи правосуден испит и да стане адвокатка благодарение на алтернативен начин. „Reading The Law“ е метод со кој лица кои не биле студенти на правен факултет можат да добијат можност да полагаат правосуден испит откако долго време ќе бидат практиканти под менторство на искусен адвокат.


Ким сега учи под надзор на две адвокатки по 18 часа неделно, колку што е неопходно за да ги исполни условите.

„Во првата година на правен факултет, мораш да покриеш кривично право, прекршоци и договори. За мене, прекршоците се најконфузни, договорите најздодевни, а кривичното право можам да го практикувам во сон. На мојот прв тест имав 100. Беше супер лесно за мене“ – изјави Ким, која налето ќе полага мини правосуден испит чии резултати ќе одлучат дали ќе може да продолжи уште три години учење.

Одлуката на Ким била поттикната од успехот со случајот на Алис Џонсон, 63-годишна баба на која ѝ била досудена доживотна казна затвор.

Џонсон била приведена во 1996 година поради трговија со дрога и перење пари, откако 15-те нејзини соучесници сведочеле против неа и со тоа успеале да се извлечат од затворска казна, иако таа тврди дека имала само мала улога во нелегалните активности. Ким успеа да издејствува помилување од Белата куќа.


Минатото лето, Ким започнала пракса во адвокатска канцеларија во Сан Франциско, а се надева дека ќе го положи правосудниот испит во 2022 година.

Коментирајќи ги очекуваните реакции на луѓето, Ким вели: „Обожавам да сум во ситуација да разговарам со некој што нема високо мислење за мене, затоа што откако ќе ме запознае, ви гарантирам дека ќе има поразлично мислење и разбирање за тоа што ми е важно.“



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *