Type to search


Љубов

Ако ова не е запросувањето од соништата, тогаш што е?

Share


Манекенката Девон Виндсор, веќе со години е меѓу ангелите на “Викторија Сикрет” и е многу баран модел, а после веридбата која внимателно ја подготвил нејизниот избраник, веруваме дека уште долго ќе се зборува за овој романтичен гест.

Имено, 24-годишната убавица била убедена дека патувањето на Бахамите ќе и донесе само нова работна задача, бидејќи за таа цел таа се упатила на егзотичниот остров. Меѓутоа, кога погледнала низ прозорецот, пред да слетаат, погледот буквално ѝ го одземал здивот.


На песокот со големи букви напишал “Marry me?”, односно “Омажи се за мене?”, а пред натписот стоело нејзиното момче Џони Декс.


Нормално, убавата манекенка се согласила и објавила фотографија на Инстаграм со опис “Никогаш нема да престанам одново и одново да се заљубувам во тебе..дами и господа, мојот вереник”.


Веруваме дека нема дами кои на ваков романтичен потег би рекле “НЕ”, а кретивното момче ги заслужи сите пофалби за идејата и иницијативата.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *