Type to search


Бизнис Свет

Алармот за светски економски колапс во 2019-та се уште вклучен

Share


Економскиот колапс за кој предупредуваа светските економисти годинава не се случи, но алармот се уште е вклучен. Причините за кризата што следи, се разликуваат, но сите се сведуваат на неколку политички случувања кои во 2019 –та би можеле да придонесат за економски преврат. Експертите од американската агенција Блумберг тврдат дека најголем ризик се популистичките и авторитативните влади кои се однесуваат лошо, и ги кршат меѓународните правила. На прво место се политичките односи кои ги развива Америка со останатите светски сили и економии. Релацијата што ја иимаат Вашингтон и Москва може да е и подобра. Трамп и Путин на самитот Г20 внимателно се избегнуваа, откако Трамп го откажа планираниот состанок со рускиот претседател. Очекуваната средба нема да се случи поради тоа што Вашингтон не ја одборува политиката на Москва. На Путин му остана да се додворува, што и го направи со новогодишната порака до Трамп во која му напиша дека Русија подготвена за дијалог со САД за широк спектар теми. Американските санкции ја доведоа руската економија на раб на стагнација, а растот е многу мал. Според предвидувањата на Светската банка, Русија може да очекува зголемен економски раст до крајот на 2028-ма, не и пред тоа, според неодманешните прогнози на Светската Банка растот може да биде околу 1,5 % што за земја како Русија е многу ниско, вели Марија Липман, политички аналитичар. Она што сега Путин се очекува да го прави е да се насочи кон трговијата и цената на нафтата. Очекувани беа неговите долги разговори на самитот Г20, со Кина и со Индија, која е една од десетте економски светски сили, и која ја чекаат избори во април. Невработеноста во оваа земја е речиси дуплирана во однос на 2017-та. Темпото на индустријализацијата е забавено. Вработувањето, кое не беше адекватно во изминатите децении, сега стана алармантно, смета Аџои Босе, поитички аналитичар. Најголем ризик за светската економија е трговската војна меѓу САД и Кина. Иако тензиите малку стивнаа по средбата на Трамп со Си Џипинг на самитот Г20 во Аргентина, сепак студената војна ќе продолжи, сметаат познавачите. Сега, како минуваат деновите, се помала е сигурноста за прогресот кој е направен, и берзата е загрижена дека ќе треба подолго време пред да видиме некое значително подобрување во трговските тензии меѓу овие две големи држави, вели економскиот новинар Сет Сатл. На Трамп му следуваат две години тешка внатрешна борба, откако демократите го презедоа Конгресот, а републиканците доминираат во Себнатот. Нејасните услови под кои ќе се спроведе Брегзитот исто така носат висок степен на ризик за економијата. Следуваат и избори в Европскиот парламент, со моќна кампања на популистичките партии. И падот на цената на сировата нафта на Блискиот исток е во центарот на вниманието. Тука е важна релацијата САД – Саудиска Арабија, која ако пукне, цената на нафтата ќе се искачи до небо. Од Америка почнува се, сметаат економските експерти. Но, дали светот ќе игра по нотите на Трамп останува да видиме.

Алиса Шутиноска


Телма




Tags:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *