Type to search


Спорт

БОРКО ПО ПОБЕДАТА НИ ПОРАЧА: Сакајте си ја својата држава и народ!

Share


Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, доцна синоќа по победата над Исланд, со победничко селфи со селекторот Данило Брестовац, порача: Честито ватрено крштевање селекторе. Да ти се множат победите. Нов селектор, нова тактика, нова победа. Сакајте си ја својата држава и народ, гласеше пораката на искусниот Борко.


Cestito vatreno krstevanje selektore 😊!! Da ti se mnozat pobedite ! Nov selektor, nova taktika..nova pobeda 😊#makedonija #zaedno#reprezentacija #sakajte si ja svojata dzava i narod 🇲🇰🇲🇰


Gepostet von Borko Ristovski am Mittwoch, 10. April 2019

Конечно падна и тој Исланд на негов терен, и тоа на каков начин падна. Со гол во последните секунди, кога најмногу го заболе противникот, кога проработуваат емоциите, кога само еден потег значи се радуваш или не. БРАВО, БРАВО, БРАВО… ОВА СЕ НАШИТЕ МОМЦИ МАКЕДОНЦИ.


Фанатична борбеност, верба во себе, битка до последен здив. Е па момци така се игра за МАКЕДОНИЈА, така се игра за себе. Дали е ова тоа нешто ново, нешто што го чекавме долго време, нешто што само селектор кој е наш, може да го донесе со својата чета. Секако дека ова е супер деби на Данило, ајде да не фалиме премногу, но можеби тоа е тоа што нас во репрезентацијата ни недостигаше. Дај Боже да е така.

И убаво ние кога го гледаме Кире како се смее кога дава изјави, кога е среќен и знае дека нешто добро сме направиле, упс, направиле тој и неговата чета. Сега нема поделба на стари и млади, сега нема критика за младите дека не го дале својот придонес, сега сите тие се само едно, тие се МАКЕДОНИЈА. Тие се дел од едно семејство кое се вика ракометна репрезентација. Добро е, супер е за почеток. Само така нека продолжат… стискаме палци… за Данило, за Кире, Столе… за сите МОМЦИ МАКЕДОНЦИ…



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *