Type to search


Република

Call Plate – нова македонска мобилна апликација што сигурно ќе ви затреба

Share


Колку често се соочувате вашето возило да биде блокирано од страна на друго возило, а немате како да го исконтактирате сопственикот?

Со новата апликација Call Plate можете брзо и едноставно да го решите овој проблем. Скоро сите се имаме најдено во ситуација кога сме биле блокирани на паркинг. Сме свиреле, сме чекале неколку минути, а понекогаш и саати за да го поместат возилото.


Слика 1

Call Plate е мобилна апликација достапна за iOS и Android, која ви овозможува да го пронајдете сопственикот на возилото кое ве блокирало само со едноставно внесување на регистарските таблички. Покрај ова можете да известите некого доколку во близина има пајак служба, ги заборавиле светлата уклучени и слично, преку chat-от кој го нуди истата.


Слика 2

Да започнеме да ја градиме и да ја менуваме сообраќајната култура, почнувајки секој од себе, преку личен пример и позитивен придонес.

Линкови до апликацијата:
iOS: https://www.appstore.com/callplate
Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bojanivanovski.callplate
или едноставно побарајте Call Plate во App Store или Google Play Store.


П.С. Кога праќате известување до некоја регистарска таблица, истата мора да ја користи оваа апликација за проблемот да биде успешно решен.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *