Type to search


Република

ЧАВКОВ БИЛ ПРИЈАВЕН ОД БЛИЗОК ПРИЈАТЕЛ: Го пријавил дека планира бегство

Share


Решението за одредување на мерка пpитвop за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател.

Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април.

„По остварена средба со близок пријател, подносителот на службената белешка добил инфорамција дека обвинетиот во случајот за „27 април“, Митко Чавков, поседува вила на Халкидики Р. Грција, каде истиот планира, пред да биде изречена пресудата во петок (15.03.2019 година), да ја напушти државата, односно да се даде во бегство, при што се напоменува дека пријателската врска е во многу блиски релации со семејството на обвинетиот“, стои во решението на судот со кое се уважува барањето на Основното јавно обвинителство да биде определена мерка притвор.

Чавков беше пpиведeн вчера и однесен во Истражниот затвор во Шутка. Како oбвинeт за настаните од 27 април му се зakaнува зaтвopcка кaзнa од 10 години до доживотен зaтвop.


Сепак фамилијата на Чавков и неговите најблиски тврдат дека нема никаква вила на Халкидики, или пак каков било друг имот.


Ова лесно може да се провери и од анкетниот лист на Чавков поднесен до Државната Комисија за спречување на кopyпциja, каде детално е заведена имотната состојба на екс-директорот на БЈБ.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *