Type to search


Здравје

Дали алкохолот ве спречува да го добиете посакуваното телото?

Share


Дали алкохолот го спречува топењето на масти? Дали има и малку вистина во страшната изрека “пивски стомак?” Дознајте дали алкохолот ве спречува во остварување на вашата фигура од соништата.

Најверојатно сте научиле уште во осмо одделение дека алкохолот е депресант кој делува на централниот нервен систем, може да се опијаните од него, и се на се е штетен по човековото здравје. Нешто што најверојатно сте го научиле подоцна е дека алкохолот може, исто така и да ја зголеми самодовербата, да ви помогне да се чувствувате опуштено, или да се претворите во добар танчер! За жал приказната не завршува таму.



И покрај забавата што ќе можете да ја имате со “течнава храброст”, важно да се знае дека прекумерната употреба долгорочно може да резултира со неколку сериозни последици на здравјето ,како оштетување на црниот дроб или зависност. Згора на тоа, ако сте загрижени за големината на вашиот стомак, седумте калории по грам на алкохолот и влијанието врз складирањето на масти може да го опустошат вашето тело.

Со други зборови, ако сакате да се изградите убава фигура, пиењето редовно пиво веројатно не е најдобар начин да го направите тоа. Но, веројатно веќе го знаевте ова. Она што можеби не знаете, сепак се конкретните работи што алкохолот ги прави внатре во вашето тело и како тој може да влијае на вашата способност да согорувате масти. Сега испијте малку знаење и дознајте како алкохолот може да ги уништи вашите цели.


Колку што вашето тело може да каже, алкохолот е отров. Замислете го системотза варењето на храната во вашето тело, апсорпцијата и системот за складирање како голема табла со копчиња. На оваа метаболичка конзола има едно големо црвено копче “пауза”. Кога конзумирате алкохол, вашето тело го притиска тоа копче пауза. Како резултат на тоа, нутритивната регулатива (што конзумирате и како вашето тело тоа го користи за енергија) е ставена на чекање, бидејќи приоритетот на телото е да го процесира алкохолот.
Откако се консумира, алкохолот е поделена на ацеталдехид и нешто што се нарекува никотинамид аденин динуклеотид (NADH) од ензимот алкохол дехидрогеназа (ADH).Веројатно никогаш не би го погодиле, но токму овој процес искри неповолни промени во вашето тело.

Како што дијаграмот покажува, крајниот производ на распаѓање на алкохол е ацетил-ЦoA,што е молекула која е инволвирана со синтезата на масните киселини, или создавање на молекулите на мастите. Прекумерното зголемување на ацетил-ЦoA може да доведе до зголемено формирање на масни киселини, што на крајот доведува до зголемено складирање на масти.

Покрај тоа, зголемување на NADH (произведено како резултат на процесирањето на алкохол) го сигнализира телото дека има многу енергија (калории) на располагање. Телото природно сака да ја зачува таа енергија, што значи дека зголемувањето на NADH исто така се залага за формирање на масни киселини и складирање.


Со текот на времето, овие молекули создаваат промена во вашето тело, приоритет да биде складирањето на масни киселини. Тоа веројатно се подразбира, но оваа промена претставува голем предизвик ако се обидувате да постигнете одлична и исецкана форма.

Студии за поддршка

Да не звучиме како партибрејкери. Верувајте, уживам во вкусни пијалоци онолку колку што и секој друг (можеби и повеќе, во зависност од тоа кој е другиот). Но, не треба да се игнорираат некои од податоците кои лебдат околу. На пример, во едно истражување објавена во списанието за клиничкото испитување, истражувачите набљудуваа ефекти на алкохолот врз јаглените хидрати, мастите и протеините.

Истражувачите ги еваулираа масни киселини и гликозата во употреба во текот на четири часовен временски период. За да го направат тоа, тие внесуваа во субјектите истовремена испорака на гликоза и инсулин преку инфузија. Истражувачите потоа собрале примероци на крв во 0, 30, и на секои 15 минути потоа да се утврди како субјектите го трошат тоа што го внесуваат.

Два часа во текот на експериментот, инфузијата со гликоза беше заменета со инфузија од алкохол еквивалентна на две стандардни пијалоци. По инфузијата со алкохол, оксидацијата на мастите паднала за 87 проценти!, Наместо користење на мастите како гориво, телото почнува да го користи алкохолот за енергија. Оксидацијата на мастите останала ниско подолго од четири часа по инфузијата со алкохол, што е лоша вест за секој кој сака да согори масти.

Иако постои огромна разлика во брзината со која секое поединечно тело може да се ослободи од алкохолот,веројатно може да се претпостави дека дури и мала количина на алкохол ќе остане во вашето тело доволно долго за да го спречи согорувањето на масти.

Истражувачите исто така инфузирале субјекти со алкохол и гликоза во исто време. Бидејќи многу од нас сакаат да имаат неколку јагленохидратите заедно со нашите пијалоци, следниве информации се особено важни: Резултатите покажуваат дека истовремената инфузија на алкохол и гликоза ја намалува оксидацијата на масти на речиси 0 милиграми за 3 минути!

Во практична смисла, конзумирање на чипсови и салса со вашето пиво за време на големата журка, е всушност намалување на оксидацијата на масти речиси на нула. Ако спарувате големи закуски полни со јаглехидрати и алкохол често, вие сте заглавени со многу вишок калории, кои во основа не се користат. Тоа значи дека тие речиси сигурно ќе треба да се складираат како масти. Па дури и најлошите осмо одделенци можат да ви кажат дека прекумерното складирање на масти не е баш добро.

Заклучок

Дури и мала количина на алкохол привремено ќе го успори процесот на топење на масти. Истражувањето, исто така укажува на тоа дека конзумирањето на алкохол предизвикува целовкупно намалување на согорувањето на масни киселини и зголемување на складирањето. Ако алкохолот се злоупотребува постојано за еден подолг временски период, вашата битка со согорувањето на мастите се претвора во една невозможна мисија.

Иако алкохолот во умерени количини може да обезбеди некои здравствени придобивки, како намалување на крвниот притисок, нема шанси да ја остварите вашата фигура од соништата ако постојано пиете и јадете премногу. Најдобар начин да го балансираат вашиот живот со вашите цели за телото е да конзумирате 1-2 пијалоци алкохол не повеќе од два пати неделно, и да се воздржите од од јадењето ужинки како да сте “пуштени од ланец” .



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *