Type to search


Живот

Фотографија која навира емоции и носталгија: Голем број заљубени парови тука ја имале првата средба

Share


Пајажината и прашината не ја избледнеле фотографијата, чувана љубоморно во куферите на таван.

Таа навира спомени од младоста. Буди емоции за местото на првите средби со саканата, на смената на опули и насмевки, на намигнувањата при прошетката околу триаголникот. Денес тука блешти и “врие”.


Дел од околните дуќанчиња од старата чаршија не се спасија од налетот на урбанизацијата. При отворањето на улицата “Борка Талески” за сообраќај не само на арабаџиски коли, туку и за автомобили, настрада и исчезна дел од архитектурата и занаетите.

Никогаш повеќе не никнаа нови, нуту се слушна чеканот на казанџиите. Ниту занаетчиите се преселија во другиот дел од чаршијата. Се збриша “животна” секвенца, покрај споменикот на среде, паркчето и оградата со синџир.


Покрај тагата на наследниците на дуќанџиите, останаа неизбршливи траги во меморијата за младоста, мината крај социјалистичкиот паметник.

“Цивилизацијата ги однесе во отпад и циглите и керамидите на Хотелот Јадран, каде првин младите, а после само боемите, создаваа мајтапи и курназлаци низ свирките на тајфите на Шиндевци и Фицировци.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *