Type to search


Култура

ХИТ претставата “Индиго” која го тресе регионот доаѓа во Скопје

Share


По долга светска турнеја конечно и кај нас!

Претставата „Индиго“ во Режија на Бранислав Лечиќ и текст на Душко Премовиќ, ќе биде изведена на 13-ти април со почеток од 19:00 часот во Домот на Арм.


Во главните улоги се појавуваат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ.


Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.
После многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се бодрат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж(Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи и брак.

Резервирајте ја вашата втора сабота од Април и не дозволувајте да ви раскажуваат.


Билети по цена од 500 денари и 1000 денари вип во продажните места на mktickets и Југотон.

„Индиго“ наскоро во Скопје!

Целиот настан прочитајте го ТУКА.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *