Type to search


Шоубиз

Иако е во брак со маж, таа сака и жени

Share


Мајли Сајрус ги изненадила своите фанови со последната изјава со која ги потврдила бројните шпекулации кога е во прашање нејзината сексуалност.

Иако ја круниса со брак својата долгогодишна врска со актерот Лијам Хемсворт, Мајли изјавила дека никогаш не се доживувала себеси како личност која еден ден ќе може да се одлучи дали во иднина ќе има врска со маж или жена.



“Се заљубуваме во личности, не во полот или изгледот. Она во кое што сум јас заљубена кај мојот сопруг постои на речиси спиритуално ниво и не е поврзано со сексуалноста. Врската и партнерите на новата генерација генерално немаат врска со полот, тоа е мал, небитен дел од нечиј однос”, изјавила пејачката.

Таа уште во 2015 година открила дека е пансексуалка, а во 2017 година се дефинирала како родово неутрална личност. Пансексуалците сметаат дека привлечноста нема врска со полот, додека родово неутралните личности избегнуваат да се дефинираат себеси како припадници на еден од половите.


“Лијам и јас ѝ даваме нова дефиниција на љубовта. Јас сум квир личност која е во хетеросексуална врска. Тоа што се венчав за маж не ме прави помалку ЛГБT личност”, вели Мајли.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *