Type to search


Живот

Ќе ви се заврти во умот од погледот: Балашевиќ се поднови со луксузна вила вредна милиони

Share


Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која искеширал 400 илјади евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, кантавторот ја пазарил вилата преку фирма каде што директор е токму неговата ќерка.

Недалеку од Умаг, се наоѓа местото Бртонигла, каде што Балашевиќ неодамна уживаше во еден ресторан, а иако селаните знаат дека купил куќа, не сакале да разговараат за тоа. Велат дека не ги интересира затоа што сите кои што купуваат вили доаѓаат само за викенди.

Околу вилата на Ѓорѓе има уште осум идентични кои што се во сопственост на богати бизнисмени, а секоја има околу 200 квадрати, како и голем двор во кој што се наоѓа базен. Освен тоа има и гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебна бања, кујна, но и сауна и џакузи.






Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *