Type to search


Република

„Луда марта“ ни го враќа снегот во Македонија- детална временска прогноза, особено подгответе се вечерва

Share


Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Попладне од север и од запад облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и понекаде на повисоките места особено на запад од снег.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоко и на планините особено на запад од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Времето во среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец.


Додека пат во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за слаб локални врнежи кои на планините ќе се од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *