Type to search


Спорт

Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал

Share


Најдобриот светски фудбалер за минатата година се договори со Реал Мадрид за продолжување на соработката до 2021 година.


Неговиот досегашен договор беше со важност до крајот на идната сезона и постојано се зборуваше за можно заминување во Интер. Сепак, по долги преговори кои на моменти беа и мачни, двете страни се согласија да продолжат заедно.
Модриќ дојде во Реал во 2012 година на инсистирање на Жозе Мурињо и со мадридскиот клуб освои една титула во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите. На крајот на новиот договор тој ќе има 36 години и можно е потоа да стави крај на својата кариера.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *