Type to search


Патувања

Македонецот што го пропатува светот открива како без пари може да се патува

Share


На 18 години ја напуштил родната Македонија и од тогаш патува по светот. Со себе носи само – жица. Дејан Грачаноски деновиве е снимен во Сараево, среде Башчаршија.

-Не е поента да патуваш со пари, поентата е да патуваш без пари. Мене не ми требаат пари, не ми требаат 10.000 евра. Ми треба килограм жица, и илјада ланчиња. Го отварам овој штафелај, било каде. Тука ми работи адреналинот. Ќе ги заработам првите пет, 10. 20. 30 марки, динари, денари… и тогаш земам хостел и тука преспивам. Потоа уште работиш и ќе заработиш, ќе најдеш некоја соба или мала гарсоњера. Доколку некаде не ми се допаѓа, шибам понатаму, вели Дејан Грачаноски за ТВ Н1.


Дејан од метална жица прави ланчиња со имиња, а на неговиот птанд може да му се обратите дури на шест светски јазици. Запознал многу различни култури, живеел во десетици земји, а на прашањето што е богатството на светот, одговара:

-Сакаш да ти покажам? Сакаш да ти покажам? Сараево. Дојдов во Сараево 2011 со една другарка. Испив кафе тука во чаршијата со еден Дубравко и 2016 се вратив. Дојдов на два дена и еве останав 4 месеци. И ќе останам во Сараево. Мојот другар Албанец од Македонија е тука, луѓе од Турција дојдоа и отворија бутик, јас Македонец, ти Босанец. Дај Боже цел свет да е како Сараево. Ова мулти – култи. Нема поголем мерак. Кога не е црно -бело, кога е обоено. Кога цел свет е едно, додава тој.


На кој и да е крај на светот, што и да прави, Дејан се придржува само на едно животно правило.

-Не смееш ништо во животот да планираш, јас тоа строго го забранувам. Кога и да планираш, тоа излегува наопаку. Пушти ги работите спонтано да течат, што и да дојде, нека дојде. Ако дојде зло – ќе дојде зло. Ако дојде добро – ќе дојде уште едно добро. Ништо не планирам, едноставно е, вели тој.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *