Type to search


Свет

На македонците не им е сеедно по рацијата на германската царина и полиција: Влегуваат во куќи и апсат поради работа на црно

Share


Околу 250 царински службеници пребараа 17 куќи и канцеларии во четвртокот на подрачјето околу Рајна, Баден-Витемберг, и северна Рајна-Вестфалија. Двајца мажи на старост од 45 и 46 години фатени се во Хесен во текот на рацијата спроведена поради организирана работа на црно и прикривање на данок. Најверојатно е уапсена и поголема група која ја оштетила државата за нешто повеќе од милион евра( социјално осигурување и данок). Во текот на претресот пронајдени се и одземени повеќе од 200.000 евра во готовина, мобилни телефони, како и неколку луксузни автомобили и часовници.

Царината се сомнева дека работодавците своите вработени ги плаќале на црно, издавале фиктивни сметки за кои не се дадени услуги, а парите од сето ова биле префрлени во сметководството. На социјалните мрежи се подигна вистинска паника поради овие рации, бидејќи Македонците кои работат нелегално во Германија стравуваат да не бидат уапсени. Во тој случај им следува депортација од Германија, забрана за влез во државата на две години, а доколку во станот се пронајдат и заработените пари полицијата ги одзема.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *