Type to search


Патувања

На Сицилија се продаваат куќи за едно евро

Share


Околу десетина недвижнини во сицилијанскиот град Самбука се продаваат по цена од едно евро, или помалку од кафе за носење, како што тоа го рекламираат локалните власти.

Тие велат дека се директни сопственици на сите објекти, а не само посредници помеѓу продавачот и купувачот, така што заинтересираните треба да ги контактираат за да состават купопродажен договор директно со нив.


Причина за ниската цена е желбата да заживее областа која изгубила голем број жители во последните години, поради преселбата во големите градови.


Самбука е град на брдо, од каде има убав поглед на Сицилија. Меѓутоа, постои еден услов. Новите сопственици мораат да се обврзат дека ќе го реновираат и опремат објектот во период од три години. Тоа ќе ги чини околу 15 илјади евра и ќе мора да приложат депозит од пет илјади евра, што ќе им биде вратен по завршувањето на проектот.


Покрај тоа, се верува дека заинтересираните нема да се покајат, бидејќи доаѓаат во убаво природно окружување, полно со историја, а воедно мирно и идлично.


Сабука се наоѓа на надморска височина од 312 метри. Според податоците од 2011 година, во градот живееле 5.903 жители.

Во последно време, повеќе опустошени италијански градови почнаа со прималиви понуди со цел да привлечат нови жители.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *