Type to search


Автомобили

На секоја 41 секунда се продава по еден Golf

Share


За четири и пол децении, долгогодишниот бестселер на Volkswagen е продаден во над 35 милиони примероци.


Германскиот авто-гигант го лансираше првиот Golf на 29-ти март 1974 година, кога во Волфсбург официјално започнало сериското производство на автомобилот замислен како замена за “Бубата” на овој бренд.


Неколку месеци подоцна, на 8-ми јули, во продажните салони пристигнале првите примероци на Golf 1 – а останатото е историја.


Golf преку ноќ ги освоил купувачите во Европа, па само две години подоцна бил испорачан милионитиот автомобил. Популарноста на овој компактен хечбек не стивнува ни по 45 години и 7 генерации зад него. Во Volkswagen пресметале дека, во просек, на секоја 41 секунда некаде во светот се продава по еден Golf.

Oригиналниот модел дебитирал во верзиите со 3 и 5 врати, а во почетокот купувачите на располагање имале само два 4-цилиндрични бензински мотори.

Базичната 1.1-литарска единица произведувала 50 коњски сили, а помоќната верзија од 1,5 литри имала 70 “коња”. Моторите биле стандардно впарени со 4-брзински мануелен менувач, додека 3-степениот автоматик бил достапен како опција.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *