Type to search


Бизнис

Основачот на „Alibaba“ е совршениот пример дека упорноста и трпеливоста секогаш се исплати (ВИДЕО)

Share


Основачот на Alibaba, најголемиот интернет-трговец во Кина, е најбогатиот Кинез до денес, и неговото богатство се проценува на 20.4 милијарди долари. Alibaba привлекува 100 милиони корисници на ден, а услугата за онлајн преводи – Alipay, уживаше од 800 милиони луѓе.

Не секогаш работите беа поинакви за креаторот на еден од најуспешните бизниси во светот. Ма, неодамна во едно интервју потврди дека се пријавил за 30 различни работи и бил отфрлен, пред да го започне свој бизнис.

“Се пријавив во полиција – тие рекоа дека не сум погоден.


Одев дури на интервју за работа во KFC, кога синџирот дојде во мојот град. Дваесет и четворица кандидати бевме за работа, а синџирот прими дваесет и тројца. Јас бев единствениот отфрлен … “, коментира Џек Ма.


Кога Ма ја основал компанијата во 1998 година, тој се соочил со голем број тешкотии кои го прават исклучително креативен. Еден од главните предизвици пред него беше дека банките не сакале да работат со неговата компанија.

Тоа го натерало да создаде успешна компанија за онлајн-плаќање Alipay. “Толку многу луѓе со кои зборував на почетокот за Alipay, велеа дека тоа е најглупавата идеја која некогаш сум ја имал”, коментира уште Ма.


“Не ми беше гајле дали идејата е глупава, штом луѓето можеа да ја користат”, додава милијардерот.

На интернет е објавено видео снимено токму во станот на Ма. На него се гледа како Ма најавува дека еден ден ќе биде милијардер.

“Ќе платиме болна цена во следните три до пет години. Но, ако бидеме добар тим еден наш ќе може да победи десет нивни”

“Тука сме за да се договориме што ќе работиме во идните пет до десет години и што ќе стане “Alibaba”. Прво, мораме да ја поставиме “Alibaba” како глобална веб страна, а не само како домашна. Понатаму, нашите конкуренти не се во Кина, туку во Силиконската долина во САД”, вели Ма во видеото.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *