Type to search


Љубов

Oсобина со која мажите потешко пронаоѓаат партнерки!

Share


Самодовербата е многу убава особина и кај мажите и кај жените, меѓутоа, треба да знаете кога е вистинско време и место за истакнување на оваа особина, инаку се предизвикува контраефект.


Запознавањето на партнерите по пат на разни апликации и сајтови станува сѐ попопуларно, а неодамнешното психолошко истражување на еден американски универзитет покажало дека самодовербата може да помогне во овој вид на запознавање, но под услов таа да не е претерана.


Статистиката на страницата “OkCupid” покажува дека со покажувањето на претерана самодоверба се намалува веројатноста од привлекување на посакуваната личност. Претераната самодоверба не се гледа само кај младите мажи. Оваа сѐ почеста појава е позната и како феноменот Лејк Вобегон, кој го гледаме кога личноста смета дека е исклучително подобра од другите, мислејќи дека има висока интелигенција или се смета за надредена на било кој друг начин.

Интернет страницата “OkCupid” за онлајн запознавање докажала дека преценувањето на сопствените способности, луѓето го користат за да се покажат како попаметни и подобри, а постојат и лаги за изгледот за да се освои спротивниот пол. Истражувањето ги поделило корисниците во две групи: од 18 до 22 години и од 45 до 55 години.


Високото ниво на самодоверба е поврзано со почести разговори, а истото е забележано кај сите старосни групи, додека иницијатива за разговор почесто преземаат постарите самоуверени личности, но и младите жени. Се покажало и дека помладите мажи кои се поскромни добиваат повеќе пораки, а оние со ниска самодоверба брзо ги претвораат пораките во подолги разговори.

Се воочува и дека самодовербата расте со текот на годините. Младите сакаат да ја шират сликата на самодоверба, но всушност немаат самопотврда во личните резултати, поради што се јавува и потребата за докажување.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *