Type to search


Здравје

Ова најмногу му штети на нашето здравје- не е ниту пушењето, ниту алкохолот

Share


Речиси секое трето лице на светот има прекумерна тежина или е дебело, а меѓу нив сè повеќе се деца, објавија научници во понеделникот.

Стапката на дебелина е двојно зголемена во однос на 1980 година во повеќе од 70 земји и се зголемува и во повеќе други држави, стои во студијата објавена во научното списание New England Journal of Medicine, каде се опфатени 195 држави во периодот од 1980 до 2015 година.


Во 2015 година, евидентирани беа 2,2 милијарди возрасни и деца со прекумерна тежина. Околу 700 милиони од нив, вклучително и 180 милиони деца, биле дебели.


„Прекумерната телесна тежина е еден од најголемите здравствени проблеми на нашето време“, изјави авторот на студијата, Ашкан Афшин, од институтот „ИХМЕ“ од Сиетл.

Од 20-те најнаселени држави во светот, со 13 % САД имаат најголема стапка на дебелина кај децата и помладите возрасни лица, додека Египет е на прво место според стапката на дебелина кај возрасни лица, која изнесува 35 %.

Глобалниот просек е пет проценти кај децата и 12 проценти кај возрасните лица, покажало ова истражување.


Бангладеш и Виетнам имаат најниска стапка од околу еден процент и кај двете категории.

Студијата исто така утврдува дека во 2015 година четири милиони луѓе починале од болести поврзани со прекумерната телесна тежина или со дебелината. Две третини се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања, а потоа следуваат дијабетесот, бубрежните заболувања и други тешки болести.

Студијата е објавена на конференцијата во Стокхолм.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *