Type to search


Република

Пендаровски: Важно е Албанците да гласаат за мене

Share


Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на „Северна„ Македонија да ги добие гласовите на Албанците.

Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат, вели Пендаровски. Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голема дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година, вели Пендаровски, за Јутарњи лист.

Пендаровски ги коментира и преговорите меѓу Србија и Косово, како и идејата за размена на територии.
-Јас сум еден од ретките политичари од Западен Балкан, кој јавно зборува против таа идеја, која е најлошо нешто што сум слушнал последните десетина години. Во случај Србија и Косово навистина да разменат територии, Северна Македонија и БиХ ќе бидат колатерална жртва. Ние во 2001 година потпишавме договор за мир со Албанците, а претходно за време на преговорите во Охрид беше одбиен предлог за територијално разграничување внатре во Македонија. Тоа беше возможно само затоа што за време на распадот на Југославија и создавањето на новите држави се почитувало правилото некогашните граници да останат државни граници. Ако сега наместо тој принцип се воведе принцип на етничка дистрибуција на народот, тогаш Албанците од Северна Македонија, а многу веројано и Србите во БиХ ќе побараат корекција на границите во тие држави – вели Пендаровски.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *