Type to search


Патувања

Плата од 115.000 евра, три месеци одмор – Никој не конкурира за ова работно место

Share


Плата од 190 илјади новозеландски долари на годишно ниво или околу 115 илјади евра, со три месеци одмор и слободни викенди.

Сето тоа не беше доволно за да се најде доктор за местото Токороа на Северниот остров во Нов Зеланд.

Доктор Ален Кени вели дека и покрај сите овие поволности што ги нуди, веќе четири месеци не може да најде свој колега доктор кој би работел и живеел во Токороа, иако ја понудил и пола своја ординација каде што би работел новиот доктор.

„Имам сè повеќе работа, не можам да постигнам, бројот на пациенти расте, приходите се огромни и се очекува да растат. Буквално удирам глава во ѕид за да најдам колега, со кој ќе работиме заедно“, изјави очајниот доктор кој има 61 година и дури шест илјади пациенти за кои се грижи.


Ова се најдобрите места за живеење и работа во светот


Најголемите и најпознатите градови во светот најчесто и не нудат најдобри услови за живеење заради високиот степен на криминал и сообраќајниот метеж. Според повеќето критериуми, ова се најдобрите 10 места за живеење и работа:

3. Шпанија

Земја со одличен животен стил, прекрасна храна и клима, на која и’ недостaсуваат квалификувани работници, а за истите покрај плата, обезбедува и сместување и храна.


2. Сингапур

Последните податоци покажуваат дека Сингапур останува една од државите во светот во кои е најлесно да се најде работа. Просечниот период во кој невработен наоѓа работа, е осум недели. Во Австралија, на пример, овој период е два пати подолго. Покрај тоа, одличната локациска поставеност лесно го поврзува Сингапур со другите земји и го прави подостапен.

1. Колумбија

Сигурно кога ќе слушнете за оваа земја прво ви паѓа на памет „трговија со кокаин“, но сепак е земја со доста ниски цени, па секој би можел да си дозволи и нешто повеќе.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *