Type to search


Живот

Почнал да живее со девојка му и забележал одвратна навика: Се тушира еднаш во 10 дена, морав да ѝ кажам дека смрди! Нејзиното оправдание е уште полошо

Share


Еден маж се пожалил на социјалните мрежи дека неговата девојка не води сметка за личната хигиена и дека повеќе не знае како да ја посоветува да се истушира.


Тој својата приказна ја споделил со сите. Раскажал дека неговата избраничка, со која живее неколку години, се тушира само едаш во 10 дена. Мажот истакнал дека му е срам што мора да ѝ каже на неговата девојка дека мора да биде поуредна. Таа притоа се оправдувала дека водата лошо влијае на нејзината коса.


„Се чувствувам многу лошо бидејќи забележувам колку често таа (не) се тушира и не ми е пријатно да спијам со неа во ист кревет, косата ѝ смрди и сакам мојата девојка да биде женствена, а замислете не ги депилира ниту влакната на нозете“, напишал несреќниот партнер и додал:


„Кога има менструација, тогаш не се тушира, бидејќи се чувствува чисто. Секој од нас има слобода да прави што сака, но исто така се чувствувам слободно да ѝ кажам дека навистина ми пречи нејзината крајна неодговорност за хигиената. Мислам дека не барам многу“, напишал тој и признал дека најмногу се грижи за тоа што ќе се случува кога ќе имаат деца.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *