Type to search


Република

Пукна цевка во СЈО, се поплавија „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Share


Во поплава од пукната цевка од парно во подрумските простории на СЈО минатата недела, уништена е документација за три предмети: Империја, Триста и Шпион.

Информацијата за емисијата 360 степени на Алсат ја потврдиле од СЈО.


-Поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење, во објектот каде што е сместено СЈО протече една од цевките на тој систем. При што беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат во ова Јавно обвинителство, меѓу кои „Империја“ , „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство, документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментов се испитуваат причините за конкретниот предмет и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и процека а вкупната штета, се вели во одговорот од СЈО.

Предметите „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, додека предметот „Империја“ е во фаза на истрага. Во овој предмет обвинети се 13 лица, меѓу кои Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ и други, за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.


Во ноември судот донесе привремена мерка за одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица Орка холдинг и Ексико, и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица Ексико и Тимох увоз извоз.

Според доказите на СЈО до тој момент, сторената штета на Буџетот на Република Македонија е од најмалку 6.275.280 евра и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.


Минатата недела, Врховниот суд ги прифати жалбите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески, но не и на Мијалков, кој во меѓувреме доби затворски притвор до правосилноста на пресудата за Титаник 2, предмет во кој првостепено е осуден на 3 години затвор.

Но, со предлог законот за ЈО, што го усвои Владата минатата недела, СЈО станува дел од ЈО и со проширени надлежности за други дела, но бомбите ќе се користат како доказ само за истрагите кои се покренати до 30 јуни 2017 година, што е на линија со правното мислење од Врховниот суд од претходно.

На забелешките во јавноста дека на овој начин голем број од истрагите како „Попис“, „Пациент“ и „Империја“ на овој начин ќе пропаднат, од власта убедуваат дека истрагите ќе продолжат ако за нив има докази, кои не се поврзани со бомбите. СЈО сега треба да соопшти колкав дел од доказите за „Империја“ се уништени.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *