Type to search


Спорт

Реал го доби возбудливото градското дерби против Атлетико

Share


Реал Мадрид во големото дерби на 23. коло од шпанската Ла Лига како гостин го совлада Атлетико со 1:3.


Фантастично дерби одиграа мадридските ривали, а на крајот Кралевите излегоа како победници и ги прескокнаа Јорганџиите на второто место на табелата.


Започна одлично за Реал. Веќе во 16. минута поведоа, а одличен погодок постигна Касемиро со ножички за 1:0.

Само девет минути подоцна домаќините израмнија. Антоан Гризман погоди за 1:1, а судијата по голот се консултираше со ВАР, а потоа го потврди голот.


По неколкуте шанси на двете страни Кралевите во 42. минута дојдоа до гол. Досуден беше сомнителен пенал, а Серхио Рамос погоди за 1:2 на полувремето.

Продолжението донесе навистина жестока борба, еден куп жолти картони, а мечот пред крајот мораше да го заврши Томас кој беше исклучен во 80. минута од мечот.

Претходно ВАР му поништи гол на Алваро Мората при 1:2, за Реал до третиот гол да дојде во 74. минута. Стрелец беше Герет Бејл за конечни 1:3.


Реал со овој триумф го прескокна Атлетико и сега има бод повеќе од нив на второто место, а пред нив е Барселона со пет бода повеќе и натпревар помалку.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *