Type to search


Спорт

Сер Алекс Фергусон откри една стара анегдота

Share


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алфа и омега на црвените ѓаволи, Сер Алекс Фергусон, имал интересен обид да го ангажира Паоло Малдини од Милан во Манчестер, но наишол на голем ѕид и пречка.


Малдини цела своја кариера ја помина во Милан, каде остави неизбришливи траги во клубот од Сан Сиро, а неговите игри не останале незабележани во очите на еден од најуспешните тренери последните 30 години.
Но Фергусон кога посакал да го ангажира младиот Малдини, разговарал со неговиот татко (агент), Чезаре Малдини, по што оствариле работна средба и имале интересен разговор.
Мојот дедо беше во Милано, мојот татко во Милано, јас сум Миланиста, тоа ќе биде и мојот син. Заборави и врати се назад – порачал стариот Малдини.
Искусниот шкотски стратег беше свесен за квалитетите и разноврсноста во играта на Малдини, па се обидел да го ангажира, но тоа бил обид кој подоцна се покажал како јалов и неостварлив.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *