Type to search


Спорт

Симеоне ќе биде казнет за прославата против Јувентус?

Share


Дуелот од Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус заврши со 2-0 за домаќините, но освен головите оваа пресметки понуди и многу моменти за дискусија, па и за паметење како на пример лудото славје на стратегот на шпанскиот прволигаш, Диего Симеоне.

Аргентинецот не можеше да се воздржи и се фати за меѓуножјето по постигнувањето на водечкиот погодок, гест брзо стана вирален хит на социјалните мрежи. Симеоне потоа се извини и посочи дека немал намера никого да навреди, но останува дилемата дали можеби ќе биде казнет од страна на УЕФА.

Шпанскиот фудбалски новинар Пипи Естрада истакна дека од европската куќа на фудбалот нема да го казнат аргентинскиот стратег, но според информациите на Газета Дело Спорт постои можност да биде отворена истрага врз основа на белешките на главниот судија Феликс Цвајер и делегатот.



Останува да видиме дали ќе има реакција од УЕФА, а ако истата се случи постои можност Чоло да не го води Атлетико на реваншот во Торино закажан за 12 март.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *