Type to search


Убавина и Мода

Стајлинг кој дефинитивно и одговара на Лејди Гага

Share


Лејди Гага ги живее најславните денови од врвот на својата кариера. Филмот „A Star Is Born“ ги привлекува гледачите во кино салите, а неа и на Бредли Купер им носи награди.


До неодамна беше позната по ексцентричниот стил, настапи и јавни појавувања кои предизвикуваа секакви реакции, денес Гага на црвените теписи се појавува во елегантни изданија и нежно нашминкана.
Фустаните со боја на месо кои некогаш ги носеше денес не би ги облекла ни во најлош кошмар, а нејзината гардероба сега се состои од елегантни фустани поради кои почнаа да ја прогласуваат за една од најдобро и највкусно облечените славни личности.
Некогаш за фоторепортерите приредуваше вистинско шоу провокативно позирајќи, а денес мирно се смешка пред објективите.
Промената на облеката и однесувањето не е единствената која ја забележаа нејзините обожаватели. Како што кружат муабети по социјалните мрежи, и изгледот на нејзиното лице со текот на времето се измени, па многумина од нејзините најверни фанови се прашуваат што Гага направила од себе.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *