Type to search


Република

Уживајте во викендот: Наредната недела повторно снег

Share


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.

Во Скопје слично време со температура од -3 до 8 степени.


За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.


Уште потопло ќе биде во понеделник кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец што ќе биде најава за нагла промена на времето во понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник,односно во понеделник кон крајот на денот и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон вторник ќе се прошират на повеќе места, на планините ќе врне снег.


Поради продор на студен воздух од север во текот на ноќта кон вторник ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува а температурите ќе бележат тенденција на нагло и значително опаѓање па така во вторник врнежите од дожд освен на повисоките, ќе преминат во снег и на некои од пониските места но ќе бидат од локален карактер, послаби локални врнежи од снег се очекуваат и во среда а ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе опаднат дури за околу 10 степени па така веќе во среда максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од -4 до 5 а во текот на утринските часови понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени додека особено на повисоките и планинските места ќе дојде до формирање но и зголемување на снежната покривка.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *