Type to search


Свет

(ВИДЕО) Британската полиција го уапси Џулијан Асанж

Share


Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Како што јавија агенциите, Асанж бил изнесен од амбасадата на Екцадор, каде престојуваше изминативе седум години, при што извикувал „Отпор“.



Полицијата соопшти дека е уапсен поради тоа што не се предал на судот.

Министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид на Твитер напиша: “Можам да потврдам дека Џулијан Асанж е сега во полициски притвор и ќе се соочи со соочи со правдата во Велика Британија. Би сакал да му се заблагодарам на Еквадор за неговата соработка и на полицијата за нејзината професионалност. Никој не е над законот”.


Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, претходно соопшти дека го повлече азилот за Асанж, откако го обвини дека ги прекршил меѓународните конвенции.

Во говорот пред Еквадорското здружение за радиодифузија минатата недела, Морено го обвини Викиликс за откривање на телефонски разговори и приватни разговори, а исто така се пожали на „фотографии од неговата спална соба“, за тоа што јаде и како танцува неговата сопруга и ќерка и пријателите.

-Асанж го прекрши договорот што го постигнавме со него и неговиот правен советник премногу пати , рече Морено.

-Тоа не значи дека тој не може да зборува и да се изразува слободно, но не може да лаже, ниту да ги пробива приватните сметки или телефони, рече Морено.


Но, од Викиликс, чиј основач е Асанж објаснија дека ваквата одлука на Еквадор да го повлече политичкиот азил за Асанж е незаконска и против меѓународното право.

Пред една недела Викиликс објави дека се подготвува апсење на Асанж, по што британската полиција беше распоредена пред Амбасадата на Еквадор.

Еквадор ги отфрли тврдењата на Викиликс дека планира исфрлање на основачот на организацијата Џулијан Асанж од амбасадата во Лондон и таквите вести ги нарече „лажни“ што имаат за цел да го поткопаат достоинството на земјата.

Асанж во еквадорската амбасада се засолни пред седум години за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради случај на сексуален напад, кој подоцна беше отфрлен. Тој одбиваше да ја напушти амбасадата, тврдејќи дека ќе биде екстрадиран во САД на сослушување во врска со активностите на Викиликс.Во 2010 година, САД издадоа потерница по него под обвинение за објавување доверливи информации, по што Асанж замина во Шведска, каде побара азил. Меѓутоа, набрзо во Шведска беше обвинет за силување, но обвинението беше отфрлено.

Извор: novatv.mk



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *